Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Се санира фискултурната сала во ООУ Св. Климент Охридски во с.Драчево

Преку низа активности во насока на подобрување на условите, училиштето ,,Св. Климент Охридски" од с.Драчево се подготува за почеток на новата учебна година. Интензивно се работи на санација на санитарните јазли и туш кабини  во фискултурна сала, за што се издвоени 407.000,00 денари.

По санацијата на санитарните јазли ќе се реновираат и соблекувалните. За стартот на учебната година, во борба со пандемијата, се обезбедени средства за ковид со безбедносен сертификат кој го гарантира квалитетот на истите, а бидејќи училиштето располага со голем двор и површина се прават подготовки за обезбедување на редовна дезинфекција, дератизација, дезинсекција, се чистат оџаците и се обезбедуваат заштитни униформи за вработените од помошно-техничкиот персонал.

За потребите за учениците од четврто одделение обезбедени се три смарт табли и принтери (печатачи), како и смарт табла од средствата на Фонд за иновации и технолошки развој за реализација на проектот. Ќе се спроведе тендерска постапка за наставно-образовни помагала за прво и четврто одделение и тендерска постапка за таблети за децата од социјално ранливите семејства, како и постапка за мрежно одржување и информатички услови за потребите на онлајн наставата и интерактивната настава.

Иако се работи за училиште старо 98 години, грижата за обезбедување на достоинствени услови за сите ученици и вработени, во сите сегменти од функционирањето на училиштето, дава резултати.

Училиштето е подготвено и оваа учебна година, како и минатата да овозможи услови за редовна настава, комбинирана настава или учење од далечина, согласно епидемиолошката слика на ниво на училиште, и пошироко. Новото време наметна нови барања и потреби, динамично темпо на работа. Но, со тимска работа и поддршката  од локалната самоуправа и од МОН, неизбежен е системски резултат.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa