Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Ѓорѓиевски: Талентираните ученици како Петја, имат целосна поддршка од Кисела Вода

Младата Петја Анѓеловска денес беше гостинка на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Оваа талентирана петтоодделенка од ООУ “Невена Георгиева Дуња”, неодамна се врати со награда од Меѓународниот детски фестивал во Бања Лука, “Дечје царство”.

Со градоначалникот Ѓорѓиевски поразговараа на повеќе теми. Најмногу се задржаа нa случувањата на детскиот фестивал, каде во конкуренција од преку 4500 испратени песни од млади поети и 70 финалисти, таа го освои второто место.

Му раскажа како настанала наградената песна “Мала ноќна поезија” и кои се нејзините планови за учество на други поетски фестивали. Имено, под менторство на нејзината наставничка Мирјана Меговска, веќе испратила песна на англиски јазик за меѓународен фестивал во Италија. Покрај тоа што е одличен ученик, ова младо девојче сонува за своја стихозбирка, која грижливо ја подготвува. 

-Општина Кисела Вода и јас како нејзин градоначалник водиме грижа за талентираните ученици и Петја секако може да смета на нашата поддршка. Ваквите големи успеси не се само лични, тие се успех за целата општина, за целата држава и ние, како локална самоуправа, ќе се потрудиме да и’ овозможиме да ги развива и следи своите потенцијали. Би бил среќен ако ентузијазмот и достигнувањата на ова младо девојче, бидат поттик за сите нејзини соученици- изјави градоначалникот Ѓорѓиевски при средбата со Петја Анѓеловска.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa