Новости
Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи осумнаесеттата пленарна седница на 31.01.2023 година (вторник) со почеток во 11:00 часот, со следниот дневен ред:
1. Предлог - Одлука за внатрешна организација, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на Општина Кисела Вода;
2. Предлог - Одлука за исправка на техничка грешка ГП 2.25 од Детален урбанистички план за Блок Ј20.07, Четврт Ј 20, Реон Ј Општина Кисела Вода со Одлука бр. 09-2838/18 од 11.04.2017 година Службен Гласник на Општина Кисела Вода бр 4/2017;
3. Предлог - Одлука за исправка на техничка грешка ГП 10.4 од Детален урбанистички план за Блок Ј20.07, Четврт Ј 20, Реон Ј Општина Кисела Вода со Одлука бр. 09-2838/18 од 11.04.2017 година Службен Гласник на Општина Кисела Вода бр 4/2017;
4. Предлог – Одлука за давање на трајно користење без надоместок на опрема – 17 комплети смарт табли на општинските основни училишта на Општина Кисела Вода;
5. Предлог – Правилник за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на уметници, културни работници и здруженија на граѓани кои извршуваат јавен интерес од локално значење во културата во Општина Кисела Вода;
6. Предлог – Одлука за давање на користење, одржување и управување на објектот „ Симба“ на Јавната детска градинка „Весели цветови“ на општина Кисела Вода во Град Скопје во населба „Усје“, општина Кисела Вода, Скопје
7. Предлог – Одлука за отпочнување со работа и вршење на дејноста на новиот објект „ Симба ” на локација на ул. „ 5 “ бб во населба Усје кој ќе функционира во состав на Јавната детска градинка “Весели Цветови” на општина Кисела Вода во град Скопје
8.Советнички прашања.
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.
Во објектите на детската градинка „Весели Цветови“ во општина Кисела Вода се инвестирани повеќе од 3.5 милиони денари во енергетско-ефикасни прозорци, постелини, совремeна кујнска опрема, дидактички материјали и играчки.
Повеќе: Над 3.5 милиони денари инвестирани во ЈДГ “Весели Цветови” во Кисела Вода
Учениците од општинските основни училишта во Кисела Вода на настава ќе се вратат во технолошки поопремени училници. Градоначалникот Ѓорѓиевски го посети ООУ “Рајко Жинзифов” во населбата Драчево, за каде се набавени седумнаесет смарт телевизори.
Повеќе: Кисела Вода обезбеди 17 смарт ТВ и 8 смарт табли за основните училишта
Општина Кисела Вода сака да реагира по повод изнесените наводи во текстот објавени на повеќе портали, во кои партијата Левица, за ситен политички маркетинг со лажни тврдења сака да го дискредитира работењето и на општината како институција и на градоначаникот Орце Ѓорѓиевски.
Повеќе: Реакција од Општина Кисела вода по повод лажните обвинувања од партијата Левица
Празникот Водици и оваа година беше најсреќен за Сашо Милошевски, кој денеска, меѓу педесетина други верници, успеа по вторпат да го извади Светиот крст од осветените води на базенот “Расадник”.
Повеќе: "Водици 2023" во општина Кисела Вода: Сашо Милошeвски по вторпат го фати крстот!