Новости
Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи осумнаесеттата пленарна седница на 26.12.2022 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот, со следниот дневен ред:
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи осумнаесеттата пленарна седница
Со хуманитарен базар насловен „Новогодишна приказна на децата од Кисела Вода“, Општина Кисела Вода ги започна новогодишните празнувања, кои со најразлични настани и случувања, во периодот што претстои ќе ги израдуваат најмладите.
Повеќе: Хуманитарен базар и пакетчиња за сите присутни деца во Кисела Вода
Се чисти коритото на реката Мала Рада во селото Драчево, во должина од околу половина километар. Во изминатиот период фирмата ангажирана од Општина Кисела Вода интензивно работи со механизација на овој потег, кој беше запоставен години наназад.
434 граѓани кои ја доставија потребната документација од Општина Кисела Вода ќе добијат субвенција за набавеното огревно дрво. Општинската комисија ги разгледа поднесените барања на лицата кои се пријавија на објавениот повик на локалната самоуправа и го изготви списокот на одобрените апликации, за кои исплатата ќе се изврши до крајот на годинава.
Повеќе: Над 400 семејства добиваат субвенција за огревно дрво од Кисела Вода
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го посети Дневниот центар за окупациона терапија за лица со попречености, кој функционира во месната заедница во Црниче, раководен од Центарот за младинскиот активизам “Крик”, поддржан од Општина Кисела Вода.
Повеќе: Општина Кисела Вода донираше инвалидски колички за лицата со попреченост