Новости
По известување добиено од ЈСП Скопје, ве информираме дека линиите 41А и 42 ќе сообраќаат со изменет возен ред. Имено, поради изведување на градежни активности, истите ќе се движат во Драчево од кај тополите, право кон селото Драчево во двата правци.
Првите Македонци кои воопшто учествувале на “Мистер Олимпија”, од таму се вратија со медали. По огромниот успех на ова светско натпреварување во фитнес и бодибилдинг, каде Арнолд Шварценегер бил победник пет пати, Тоше Зафиров и Габриела Зафирова денес беа гости на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Повеќе: Тоше и Габриела Зафирови на средба со градоначалникот Ѓорѓиевски
Првите Македонци кои воопшто учествувале на “Мистер Олимпија”, од таму се вратија со медали. По огромниот успех на ова светско натпреварување во фитнес и бодибилдинг, каде Арнолд Шварценегер бил победник пет пати, Тоше Зафиров и Габриела Зафирова денес беа гости на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Тој најпрво им честиташе за огромниот успех постигнат на најстарото и најеминентното натпреварување, кое од 19 до 21 август годинава се одржа во Букурешт, Романија. Меѓу повеќе од 2000 натпреварувачи, Тоше Зафиров успеа да влезе во финалето и се пласираше како петти, додека неговата сопруга Габриела во категориите бикини фитнес и велнес успеа да земе две трети места. Поразговараа и за подготовките за следниот натпревар, “Мистер Олимпија” во Лас Вегас, за што интензивно работат, како и за значењето на фитнесот како дел од здравото живеење, кој секој може и треба да го применува. Зафиров информираше дека во клубот “Гладијатор”, лоциран во Кисела Вода, имаат околу 400 членови, меѓу кои има и лица над 70 години. Со градоначалникот Ѓорѓиевски, парот Зафирови говореше и околу можностите за мотивирање и инспирирање на помладата генерација, како и за промовирање на здравиот начин на живот, како концепт кој ќе го следат во годините што се пред нив. Од 1997 година до денес, Зафирови имаат освоено огромен број на награди и сертификати, а преку нивната Академијата FitBiz обучија и многу други да го прават истото. Зафиров е и автор на книгата Книга „Патот кон врвот”, која во следниот период ќе добие и свое продолжение насловено “Патот до Олимпија”.
-Големите цели бараат големи идеи, посветена работа и дисциплина. Тоа е единствениот пат кон успехот, и вредностите кои Кисела Вода и јас како нејзин градоначалник ги почитува и цени. Ви посакувам уште многу успеси и ваша лична, но преку нив и афирмација на Општина Кисела Вода. На нашата поддршка секогаш може да сметате, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски на крајот од средбата.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, денес присуствуваше на првиот училишен ден на првачињата од ООУ “Невена Георгиева Дуња”, од каде го промовираше проектот “Ранче за секое прваче”.
Повеќе: Сите првачиња од Општина Кисела Вода добија бесплатни ранци и училишен прибор
Општинските служби и денес се на терен. По синоќешната интервенција на кризниот штаб предводен од градоначалникот Ѓорѓиевски, која траеше до доцна во ноќта, и во која беа преземени интервентни мерки и надминати поголемите проблеми, денес се работи на отстранување на паднати гранки и зеленило, со цел состојбата сосема да се врати во нормала.
Повеќе: Кисела Вода се дочистува од невремето, штетите се пријавуваат во Општина