Новости
Започна првата фаза од санацијата на улица “Саса” во урбаната заедница Пинтија. Се работи на 500 метри должина, на кои се интервенира за првпат откако е направена оваа улица.
Повеќе: Градежни активности во Пинтија, санација на улицата “Саса”
“Avec l'amour” на режисерот Илија Цветковски вечерва е на репертоарот на “Кино на отворено” кое од вторникот се одржува во Кисела Вода.
Повеќе: Филмот “Avec l'amour” вечерва на “Кино на отворено” во Кисела Вода
Огромен интерес предизвика синоќешната прва вечер од манифестацијата “Кино на отворено” која ја реализира Општина Кисела Вода со поддршка од Македокс.
Повеќе: Првиот македонски филм за деца „Стела“ вечерва на “Кино на отворено” во Кисела Вода
Со филмот “Cinema Komunisto” на режисерката Мила Турајлиќ, вечерва се отвора првото Кино на отворено во Кисела Вода, кое до недела на публиката ќе и понуди повеќе интересни кинематографски остварувања. Секоја вечер со почеток од 21 часот, во паркот Македонија, непосредно до Домот на кутурата Билјана Беличанец, посетителите ќе можат да погледнат по два филма.
Повеќе: Вечерва “Cinema Komunisto”, утре “Стела” на “Кино на отворено” во Кисела Вода
Општина Кисела Вода во партнерство со Македокс организира „Кино на отворено“ кое ќе се одвива во периодот од 09 до 14-ти август. Бесплатните филмски проекции ќе се прикажуваат во паркот Македонија, пред Домот на Култура „Билјана Беличанец”.