Новости
Општина Кисела Вода ги известува своите жители дека по програмските превентивни активности на Министерството за здравство на Република Македонија, ЈЗУ " Здравствен Дом на Скопје" – Скопје организира акции на пунктови за спроведување на бесплатни превентивни прегледи и совети за заштита од топлотните бранови. Во општина Кисела Вода тие ќе се спроведуваат од 18:30 - 21:30 часот, во следните термини и локации:
15.07.2014 пред месна заедница Драчево
18.07.2014 паркот кај Тинекс - уз. Кисела Вода
20.07.2014 село Драчево ( пред чешмата)
23.07.2014 парк спроти општина Кисела Вода
25.07.2014 Паркот пред поштата во Драчево
29.07.2014 ОУ Невена Ѓоргиева – Дуња
31.07.2014 пред месната заедница во Драчево
Нови 40 решенија за легализација денеска беа доделени во големата сала на општина Кисела Вода на жителите на оваа територија, кои ја доставија потребната документација до општинската администрација. Со ова, бројот на вкупно решени предмети се искачи на 2877.
Повеќе: Нова легализација на дивоградби во општина Кисела Вода
Во рамките на културното лето „Три Круши“ , општина Кисела Вода се вклучува и со најактуелните спортски случувања изминатиов месец.
Вчеравечер на Културното лето „Три Круши“ со целовечерен концерт пред граѓаните на општина Кисела Вода настапија Сузана Спасовска и групата „Академци“. Присутните имаа прилика да ги чујат најголемите хитови на шестчлената музичка група, а истовремено и да уживаат во извонредниот настап на еден од најдобрите македонски интерпретатори на народни песни.
Повеќе: Академци и Сузана Спасовска со извонреден настап на Три Круши
Вечерва ќе имаме единствена можност да уживаме во концертот на музичката група "Академци" и познатата фолк пејачка Сузана Спасовска.