Новости
Во петок, 27.06.2014, со почеток во 20 часот и 30 минути, стартува овогодинешното издание на Културното лето Три Круши, манифестација која традиционално се одржува по 9ти пат и претставува вистински културен бренд на општина Кисела Вода. Широката палета од културни случувања која ќе и биде понудена на публиката ги содржи најдобрите музички случувања, театарски и филмски проекции и остварувања. Локацијата на која ќе се одвиваат културните настани се до крајот на месец јули, кога завршува оваа манифестација, е верско-рекреативниот локалитет Три круши, а комплетната програма, можете да ја погледнете подолу.
Ве известуваме дека Седумнаесеттата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 24.06.2014 година (вторник) со почеток во 11,00 часот со следниот дневен ред:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ќе ја одржи 17-та пленарна седница
Дел од корисниците лоцирани на улицата „Пандо Кљашев“ во општина Кисела Вода, утре , во периодот од 8:30 до 12 часот ќе бидат без струја.
Нови 50тина жители на општина Кисела Вода станаа легални сопственици на своите имоти по денешната легализација на дивоградбите, која се одржа во Големата сала на општината.
Повеќе: Нова легализација на дивоградби во Кисела Вода, решени се 2790 предмети