Новости
По успешно реализираната работилница за контрола на безбедноста и квалитетот на храната во воспитно-образовните институции во Кисела Вода, во организација на општината Кисела Вода, а со поддршка на Агенцијата за храна и ветеринарство, Центарот за јавно здравје – Скопје и Вита Диет клубот од Скопје, денеска во просториите на Општина Кисела Вода продолжија обуките за контрола на квалитетот на храната во градинките и училиштата.
Обуката ја одржа претседателот на Советот на општината, Трајче Донев, кој воедно е и државен советник во Агенцијата за храна и ветеринарство.
Повеќе: Продолжуваат обуките за контрола на квалитетот на храната во градинките и училиштата
Во вторник, (26.11.2013) во големата сала на Општина Кисела Вода со почеток во 10:00 часот, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Општина Кисела Вода продолжува со интензивните градежни активности за подобрување на локалната патна и комунална инфраструктура на нејзината територија. Имено, деновиве екипи на фирмата “Пелагонија А.Д. Гостивар”, по налог на општината започнаа со изработка на коловоз, односно поплочување со павер елементи и висинско подигање на шахти со павер елементи на неколку сервисни улици на подрачјето на населбата Припор.
Денес, во големата сала на Општина Кисела Вода се одржа работилница за контрола на безбедноста и квалитетот на храната во воспитно-образовните институции во Кисела Вода, во организација на општината Кисела Вода, а со поддршка на Агенцијата за храна и ветеринарство, Центарот за јавно здравје – Скопје и Вита Диет клубот од Скопје.
На настанот, пред државниот секретар во министерството за образование и наука и воспитнио-образовниот и менаџерскиот тим од основните училишта и градинките од Кисела Вода, се обрати и иницијаторот на работилницата, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ, која потенцираше дека локалната самоуправа со оваа иницијатива отпочнува со реализација на низа проекти со кои ќе се подигне јавната свест, најпрвин кај воспитно-образовниот кадар, а потоа и кај родителите за значајноста на здравата исхрана кај нашите деца.
Повеќе: Се одржа работилница за побезбедна храна во воспитно-образовните институции во Кисела Вода
Лионс клуб центарот од Скопје вчера се приклучи кон акцијата на Лионс дистрикт 132 Македонија, симболично наречена “Садиме бели рози за почиста средина за живеење”. Акцијата се реализираше во Општина Кисела Вода, со донација од 100 бели рози кои се засадија на три локации во Општина Кисела Вода: паркот “Фредерик Шопен”, дворот на градинката “Мимоза” и дворот на ОУ “Кирил Пејчиновиќ”.