Новости
Лионс клуб центарот од Скопје вчера се приклучи кон акцијата на Лионс дистрикт 132 Македонија, симболично наречена “Садиме бели рози за почиста средина за живеење”. Акцијата се реализираше во Општина Кисела Вода, со донација од 100 бели рози кои се засадија на три локации во Општина Кисела Вода: паркот “Фредерик Шопен”, дворот на градинката “Мимоза” и дворот на ОУ “Кирил Пејчиновиќ”.
Поголем број сервисни улици во општината Кисела Вода денеска, во одредени период од денот, ќе останат без струја. Така од 09:00 до 12:00 часот струја ќе нема на улиците “Јакупица” и “Аилска” во Кисела Вода, а од 08:00 до 15:30 улиците 32, 30 и 18, во Пинтија. Во периодот од 08:30 до 10:30 прекин ќе има и на улица “Сава Ковачевиќ” и улицата 14 во општината Кисела Вода.
Според ЕВН Македонија, прекините се прават за изведување зафати и подобрување на електродистрибутивната мрежа.
Во четврток, (21.11.2013) во големата сала на Општина Кисела Вода со почеток во 10:00 часот, во организација на Општина Кисела Вода ќе се одржи работилница за подобрување на системот за контрола на безбедноста и квалитетот на храната во воспитно-образовните институции во општината. Предавачи на работилницата ќе бидат: Трајче Донев, Војислав Димитровски и Ката Стојановска од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и Тања Турунџиева од Вита Диет клубот од Скопје. Свое обраќање ќе има и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Во среда, (20.11.2013) Лионс Клуб Центарот од Скопје, ќе донира 100 бели рози кои ќе се засадат на три локации во Општина Кисела Вода: парк “Фредерик Шопен”, дворот на градинката “Мимоза” и дворот на ОУ “Кирил Пејчиновиќ”. (Изјава за медиуми во паркот Шопен, 15:00 часот).
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Општина Кисела Вода е прва од општините во градот Скопје која почна со реализација на проектот за развој и унапредување на свеста за значењето на културата и уметноста со цел развивање на креативниот потенцијал на најмладите и доусовршување на воспитно-образовниот кадар во областа на ликовната и драмската уметност. Проектот е предвиден како дел од “Стратегијата со акциски план за развој на културата на Град Скопје за периодот 2012-2015 година”, а ќе се реализира во Јавните детски градинки “8-ми март” и “Весели Цветови” со воспитувачите и децата од најголемите групи во сите објекти.