Насловна
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес ја ставија во функција новата детска градинка ,,Пеперутка 3” во населбата Драчево.
Повеќе: Ставена во функција новата градинка “Пеперутка 3” во Драчево
По неколку децении се реконструира коловозот на влезот во Драчево. Започнува првата фаза од реконструкцијата на една од главните артерии во Драчево, улицата ,,Јустинијан |”, или кај населението позната како ,,Драчевска”.
Со Меморандум ќе биде уредено заедничкото делување во областа на превенцијата, едукацијата, социјализацијата и заштитата на правата со пациентските здруженија ,,БАЛАНС МК" - Асоцијацијата за детски дијабетес на #Македонија и Здружението на граѓани ,,Раст" кои ги застапуваат правата на лицата и децата со метаболитички заболувања дијабетес - тип 1 и проблеми со растот. Ова, меѓу другото, беше договорено на средбата на градоначалникот Оце Ѓорѓиевски со претседателите на овие здруженија, Наташа Деспотовски - Димитриевска и Александар Петровски.
Повеќе: Ѓорѓиевски: Лицата со дијабет може да сметаат на мојата поддршка
Започнува изградба на уште еден нов паркинг на улица ,,Христо Татарчев” во Кисела Вода. На површина од околу 700m² и капацитет за 70тина возила, жителите од улицата ,,Христо Татарчев” наскоро ќе добијат нов паркинг простор.
Повеќе: Општина Кисела Вода гради паркинг на улица ,,Христо Татарчев”
Голем интерес кај стручната јавност предизвикува Меѓународниот конкурс за идејно решение за ДУП за Расадник, кој го распиша Општина Кисела Вода пред повеќе од два месеци. Со цел да се обезбеди што подобро архитектонско-урбанистичко решение за потребите на жителите на овој дел од Скопје и целосна транспарентност на процесот, конкурсот е објавен на повеќе меѓународни стручни веб страници.
Повеќе: Голем интерес за конкурсот за ДУП-от во Расадник, во Англија, Иран, Украина..