Насловна
Голем интерес кај стручната јавност предизвикува Меѓународниот конкурс за идејно решение за ДУП за Расадник, кој го распиша Општина Кисела Вода пред повеќе од два месеци. Со цел да се обезбеди што подобро архитектонско-урбанистичко решение за потребите на жителите на овој дел од Скопје и целосна транспарентност на процесот, конкурсот е објавен на повеќе меѓународни стручни веб страници.
Повеќе: Голем интерес за конкурсот за ДУП-от во Расадник, во Англија, Иран, Украина..
Образованието е најважната карика во личниот и професионалниот растеж, неопходна во конкурентноста на пазарот на трудот. Оттука, Општина Кисела Вода, преку потпишаниот Меморандум за соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, обезбедува 15 стипендии за студенти за учебната година 2022/2023.
Општина Кисела Вода ја продолжува практиката за собирање на кабаст отпад по урбани и месни заедници на својата територија. Со оглед на фактот што дложување на кабастиот отпад на несоодветни локации претставува проблем за домаќинствата, Ве информираме дека во период од 19 септември 202 2год. до 30 септември 2022 година преку Секторот за месна самоуправа на Општина Кисела Вода, ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои секојдневно ќе го собираат кабастиот отпад од пред домаќинствата или колективните згради на територија на општина Кисела Вода.
Повеќе: Општина Кисела Вода ќе го собира кабастиот отпад од домаќинствата
Пред 31 година, решително и одговорно го остваривме вековниот сон- за слободна, независна и суверена Република Македонија. Испишавме историја, но и дадовме завет пред себеси и пред иднината дека ќе го чуваме континуитетот на нашата определба. Дури и кога патот е трнлив и мачен, обременет со многу предизвици кои доѓаат и од внатре и од надвор, тоа претставува и наше право и наша обврска. Достоинствено и со силно чувство за сопствената држава, за нашата Македонија, да бидеме посилни, посплотени и поуспешни. За нас, за нашите поколенија, за генерациите што доаѓаат!
Нека ни е честит и вековит 8 Септември!
Нека ни е честит Денот на независноста на Република Македонија!
Во насока на урбанизирање на централниот дел на општина Кисела Вода кој со години наназад е запуштен и покрај барањата на жителите, Општина Кисела Вода започнува со градежни активности кои ќе се интезивираат во претстојниот период.
Повеќе: Ѓорѓиевски: Градиме паркинг места и креираме нов урбан лик на централно јадро на Кисела Вода