Насловна
14-та Седница на Советот на Општина Кисела Вода
Во заедничка акција на службите на Општина Кисела Вода и ЈП “Комунална хигиена”, денес се чистеше општина Кисела Вода.
Општина Кисела Вода го продолжува рокот за поднесување на барања за субвенционирање на дел од месечните сметки за потрошена електрична енергија на социјално –ранливите категории.
Повеќе: Кисела Вода го продолжи рокот за аплицирање за субвенција за сметките за струја
Во напредна фаза е проектот за целосна реконструкција на улицата “Славка Динкова” кој започна пред само две седмици. Градоначалникот Ѓорѓиевски денес изврши увид во градежните работи за изградба на атмосферска канализација и на целосна реконструкција на коловозот и тротоарите, а потоа и поставување на ново осветлување преку бетонски столбови со лед штедливи светилки.
Повеќе: Улицата “Славка Динкова” се реконструира со силна динамика
Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи четиринаесеттата пленарна седница на 07.09.2022 година (среда) со почеток во 11:00 часот, со следниот дневен ред:
1.Давање согласност на Годишниот план за вработувањe за 2023 година на ЈДГ „8 Март“ на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
2.Давање согласност на Годишниот план за вработувањe за 2023 година на ЈДГ „Весели Цветови“ на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
3.Квартални извештаи К1, К2 и К3 за вториот квартал од 2022 година – К1-квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2022 година до 30.06.2022 година; -К2 -квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, -К3- квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;
4.Предлог - Програма за измена и дополнување на Програмата од надлежност (В) и Програмата ( ВА) – предучилишно воспитување за 2022 година;
5.Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата (Н1) и Програмата (НА) капитални расходи за основно образование за 2022 година;
6.Предлог – Програма за измена и дополна на Програма Г1 – локален економски развој со Потпрограма ГД0 – проекти за енергетска ефикасност за 2022 година;
7.Предлог - Програма за измена и дополнување на Програмата (Ј) – Комунални дејности за 2022 година;
8.Предлог - Програма за измена и дополнување на Програмата (Р) – заштита на животна средина и природа за 2022година;
9.Предлог - Програма за измена на Развојна Програма, Програма од надлежност ЕАО – капитални трошоци на општина, Развојна програма ЕАА - имплементација на нов истем за управување со документи во Општина Кисела Вода - Програма на сектор за управување со човечки ресурси и информатичка технологија;
10.Предлог - Програма за измена и дополнување на Програмата за месна самоуправа (капитални расходи ) – (ДАО) - Подпрограма за месна самоуправа – тековно оперативни расходи (Д1О) на Општина Кисела Вода за 2022 година;
11.Предлог - Програма за измена и дополнa на Програмата (Ф) урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2022 година;
12.Предлог - Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2022 година;
13.Советнички прашања.
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.