Насловна
Со целодневна програма, утре, недела, 29.06.2014, општина Кисела Вода ќе го прослави својот 59ти роденден. Случувањата започнуваат во 08:45 со доделување ваучери за новороденчињата од општината и награди за најуспешните основци од училиштата на територија на општина Кисела Вода од страна на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ . Во 10:30, во Големата сала, ќе се одржи свечена седница на Советот на општината, каде ќе бидат доделени благодарници за луѓето и компаниите кои во оваа година биле заслужни за афирмирањето на оваа локална самуправа.
Најубавите македонски фолклорни рефрени, испеани од тројца врвни музичари поддржани од три професионални оркестри, вечерва одекнаа од локалитетот Три круши во село Драчево. Големиот концерт кој на едно место собра многубројна публика, беше првиот настан од овогодинешното, 9то по ред, издание на Културното лето на општина Кисела Вода “Три круши 2014”. Едномесечното културно доживување свечено го отвори градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ.
Градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, денеска во Големата сала на општина Кисела Вода, додели нови 45 решенија за легализација на дивоизградени објекти. Со денешната легализација, бројот на решени предмети се искачи на 2835, што би значело дека досега се решени една четвртина од пристигнатите 11 874 барања за легализација.
Повеќе: Решена една четвртина од пристигнатите барања за легализација во општина Кисела Вода
Утре, петок (27.06.2014), градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, во големата сала на општината, со почеток во 11:00 часот ќе додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот
Со голем концерт на Оркестарот на народни инструменти, Големиот народен оркестар и оркестарот Чалгии, сите при МРТ, заедно со вокалните солисти Анастасија Петреска, Владимир Попоски и Елена Ѓеорѓиева, утре вечер, (петок, 27.06.2014) во 20 часот и 30 минути, на локацијата Три круши, започнува 9тото издание на Културното лето на општина Кисела Вода “Три круши 2014”.