Насловна
Препознавање на семејното насилство, на насилството врз жената, негово спречување… Ова се темите на кои во текот на вчерашниот ден дискутираа членовите на комисијата за еднакви можности на мажите и жените при Советот на општина Кисела Вода со жителите на општина Кисела Вода, во рамките на проектот кој го спроведува Министерството за труд и социјална политика заедно со македонското женско лоби.
Повеќе: Информативни средби против семејно насилство во општина Кисела Вода
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општината Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ и в.д. директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Бојан Василевски, денеска, петок, 18.07.2014 година, го означија почетокот на градежните работи за реконструкција на водоводната мрежа по улиците "Шиндаровска" и "Сердарот", во селото Драчево.
Повеќе: Започна реконструкција на водоводната мрежа на "Шиндеровска" и "Сердарот"
Oпштина Кисела Вода ги повикува сите љубители на македонската забавна музика вечерва, петок, 18.07.2014, да дојдат на Три круши, во село Драчево. Со почеток во 20 часот и 30 минути, тука, целовечерен концерт ќе одржи Ѓоко Танески, како дел од случувањата на културното лето “Три круши 2014”.
Денес, петок, 18.07.2014 година, во 12 часот, на улицата "Шиндаровска", наспроти дворот на црквата „Свети Спас“ во Драчево започнува реконструкција на водоводната мрежа на улиците “Шиндаровска” и “Сердарот” во село Драчево. Почетокот на градежните работи ќе го означат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Бојан Василевски.
Како да се препознае семејното насилство? Како да се превенира, да се спречи, пријави до надлежните институции? Членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при советот на општина Кисела Вода, Јасна Саздовска и Светлана Колариќ, преку организирани информативни средби ќе го едуцираат населението во општина Кисела Вода, како дел од проектот кој го спроведува Министерството за труд и социјална политика заедно со македонското женско лоби.
Повеќе: Во четврток и петок информативни средби за спречување на семејно насилство