Насловна
Општина Кисела Вода им го честита крајот на учебната година на сите ученици, а на полуматурантите и матурантите им посакува успешен избор на институцијата во која ќе го стекнат понатамошното образование, како и многу нови знаења и лични успеси.
Капацитетите и можностите за развој на општина Кисела Вода со посебен акцент врз спроведувањето на мерки за енергетска ефикасност, беа во фокусот на денешниот разговор на градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ и делегацијата од Австриската амбасада во Македонија предводена од Герхард Шлатл, раководител на Трговското Одделение на Австриската Амбасада во Македонија.
Повеќе: Tрговското аташе на Република Австрија Герхард Шлатл во посета на општина Кисела Вода
Успешно продолжува процесот на легализација на дивоградбите во општина Кисела Вода.
Денес, во големата сала на општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ, на нови 50 граѓани од општината им додели решенија за легализација на бесправно изградените објекти, со што вкупниот број на легализирани објекти се искачи на 2739 .Заклучно со денешниот ден, бројот на поднесени документи, без елаборат изнесува 3928, од вкупно пристигнати 11 874 барања.
Повеќе: Доделени нови 50 решенија за легализација во општина Кисела Вода
Денес, четврток (05.06.2014), градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, во големата сала на општината, со почеток во 11:00 часот ќе додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Општина Кисела Вода и оваа година, преку традиционалната културна манифестација „Пушкинови Денови” го чествува делото на големиот руски поет Александар Сергеевич Пушкин.