Насловна
Продолжува процесот на решавање на децениските проблеми на граѓаните во делот на впишување на правото на сопственост на нивните објекти во општина Кисела Вода. Нови 50 решенија за легализација на дивоизградени објекти денеска додели градоначалникот на општината, Билјана Беличанец-Алексиќ.
Повеќе: Расте бројот на легализирани дивоградби во општина Кисела Вода
Денес, понеделник (26.05.2014), градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, во големата сала на општината, со почеток во 10:30 часот ќе додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Со најискрени желби за добро здравје и благосостојба, општина Кисела Вода на сите православни верници и на сите граѓани на Република Македонија им го честита државниот празник, 24 Мај, Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј.
Доследноста кон нивното големо дело, значи продолжување на нивната мисија за културен развој, достоинство, право на идентитет, писменост и култура.
Нека ни е честит празникот, за многу години!
Општина Кисела Вода на сите Власи им го честита Националниот празник и им посакува благосостојба и просперитет!
Повеќе: Општина Кисела Вода го честита Националниот ден на Власите
По успешното завршување на акцијата за косење и чистење на Трим-патеката во општина Кисела Вода, Секторот за урбани и месни заедници при општината, во соработка со пунктот на ЈП “Паркови и зеленило”, во континуитет продолжува со акциите за косење на нараснатите тревни површини кои дојдоа како резултат на поројните дождови во изминатиот период.
Повеќе: Акција за косење и чистење на урбаната заедница Кисела Вода