Насловна
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, заедно со претседателот на Советот, Трајче Донев, претставници на општинската администрација и членови на Советот на општината, почнувајќи од 23.09.2013 година (понеделник), ќе започне со редовна посета на сите месни и урбани заедници во општината. Првата средба, градоначалникот Беличанец - Алексиќ ќе ја одржи со жителите од месната заедница Потстаница, а во следниот период од 3 недели, ќе посетува по две месни заедници дневно.
Општина Кисела Вода продолжува со интензивните градежни активности за изградба на нови фекални канализациони мрежи. Имено, во моментов, екипи на фирмата “Ехи” ДООЕЛ од Скопје, изведуваат активности за изградба на нова канализациона мрежа за дел од селото Драчево, која ќе ја поврзе постоечката со фекалниот колектор во месноста “Потстаница”.
Повеќе: Се гради фекална канализација за улиците “Герника” и “Сердарот” во с. Драчево
Ве известуваме дека шестата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 20.09.2013 година (петок), во големата сала на општината со почеток во 11,00 часот, со следниот дневен ред:
- Усвојување на Записникот од 6-та пленарна седница;
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи 7-та пленарна седница
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ денеска додели нови решенија за легализација на дивоградби на 70 жители на општината. Со тоа, бројот на легализирани објекти во Кисела Вода се искачи на 2.003.
Градоначалникот ги потсети граѓаните дека крајниот рок за доставување на елаборатот е 18-ти јуни 2014 година, што подразбира дека околу 4.500 граѓани од Кисела Вода имаат само уште девет месеци за да ја докомплетираат документацијата, односно да го достават геодетскиот елаборат.
Деновиве, Општина Кисела Вода започна активности за подобрување на водоснабдувањето во месноста “Порупи” во селото Драчево. Имено, по налог на општината, екипи на фирмата Промонтинг ДООЕЛ – Скопје, започнаа градежни активности за подобрување на водоводната мрежа на главниот довод кон високата зона по улицата „Партизански Пат“. На оваа линија се поставуваат полиетиленски цевки со пречник Ф110 мм.