Насловна
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го предводеше тимот од Општина Кисела Вода, кој заедно со граѓанската иницијатива ,,Не биди ѓубре” предводени од актерката и екоактивист Ирена Ристиќ, волонтерскиот центар ,,Скопје” и други доброволци го расчистуваа потегот кај ,,Хемтекс” кај патот од Пинтија за Лисиче.
Повеќе: Општина Кисела Вода и тимот на “Не биди ѓубре” чистеа огромна дива депонија
Уште еден приемен ден се одржува денес за жителите од општина Кисела Вода. Преку 30 граѓани кои имаа потреба да се сретнат со градоначалникот Ѓорѓиевски денес лично ги изложуваат своите проблеми и заеднички дискутираат околу динамиката на нивното надминување.
Повеќе: И оваа сабота, градоначалникот Ѓорѓиевски одржува приемен ден за преку 30 граѓани
Обезбедено е комбе со кое ќе се врши доставата на храна за сите објекти на ЈДГ “Весели Цветови”.
Партиципативното тело од областа на урбанизмот кое го иницираше Општина Кисела Вода вчера попладне ја одржа својата прва, конститутивна седница.
Повеќе: Одржана конститутивна седница на Партиципативното тело за урбанизам на Општина Кисела Вода
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера беше домаќин на д-р Кенан Црнкиќ, доктор по економски науки и професор на повеќе високо рангирани странски универзитети, писател и мотивациски говорник. На средбата се разговараше за актуелните економски случувања на Балканот и во светот.