Насловна
Кампања насловена “Моја земја, мој дом” започна денес во Општина Кисела Вода. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски одржа прес конференција на која ги изнесе деталите за оваа акција која има за цел да ги стимулира граѓаните кои ги легализирале своите објекти да го откупат и земјиштето, како и дворното место.
Повеќе: Ѓорѓиевски :“Моја земја, мој дом” ќе им овозможи на граѓаните целосна сопственост на имотот
Фондација ЦЕЕД Македонија во соработка со Општина Кисела Вода објавува конкурс за учество на жени од Општина Кисела Вода на обуки за развој на следниве вештини и знаења: развој на бизнис идеја и бизнис план, претприемништво и менаџерски вештини, дигитален маркетинг, онлајн продажба и употреба на дигитални технологии.
Акција за рушење на нелегално изграден објект утринава се одвиваше во Драчево. Се работи за индустриски капацитет чија сопственик ја започнал градбата кон крајот на летото, без да поседува било каков документ.
Повеќе: Ѓорѓиевски: За првпат на дело покажуваме справување со урбанистичкиот хаос во Кисела Вода
Панел дискусија на тема “Борба против насилство врз жените”, се одвиваше денес во Oпштина Кисела Вода. На настанот, покрај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој ја отвори дискусијата, присуствуваше Пoстојаниот претставник на Обединетите Нации во Македонија, г-ѓа Росана Дуџиак, која за прв пат прави посета во една од скопските општини.
Повеќе: Ѓорѓиевски и амбaсадорката на ОН Дуџиак на трибина против насилство врз жените
На четвртата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода која се одржа на 06 декември 2021 година, беа усвоени следните точки:
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ја одржa четвртата пленарна седница