Насловна
Од утрово во Кисела Вода се одвива голема волонтерска акција за чистење на Расадник и за обезбедување на донации за социјално загрозените лица. Настанот е во организација на Општина Кисела Вода, Волонтерски Центар Скопје и „За почиста Македонија“ и се одржува во знак на одбележувањето на Меѓународниот ден на волонтерите – 5 Декември.
Повеќе: Ѓорѓиевски: Ја поттикнуваме свеста за волонтерството, хуманоста и екологијата
Општина Кисела Вода се вклучува во одбележувањето на Меѓународниот ден на волонтерите – „5 Декември“. Заедно со Волонтерски Центар-Скопје и „За почиста Македонија“ утре организира настан кој преку промоција на волонтерството како важен акт кон подобро општество, ги поврзува и грижата за здравата и чиста околина, како и хуманоста кон социјално загрозените лица.
Повеќе: Волонтерска акција за чистење и донирање за социјално загрозените утре во Кисела Вода
За подобри резултати во спортот, неопходни се вложувања во развојот на спортот и спортската инфраструктутра, беше заклучокот од средбата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски со раководствата на трите фудбалски клубови од Драчево. Тие ги презентираа своите планови, потреби, но и очекувањата кои ги имаат од ФК “ССК”, ФК “Партизан Фудбал Кидс” и ФК “Драчево Јуниор” во претстојниот период.
Повеќе: Градоначалникот Ѓорѓиевски на средба со фудбалските клубови од Драчево
Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи четвртата пленарна седница на 06 декември 2021 година (понеделник) со почеток во 14:00 часот, со следниот дневен ред:
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи четвртата пленарна седница
Објектот на Општина Кисела Вода стана достапен за лицата со посебни потреби. На денот на одбележувањето на нивниот Меѓународен ден, пред влезот беше поставена пристапна рампа.