Насловна
Лиска доби дом. Ова некогаш напуштено кученце, од денес ќе биде згрижено од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Младите и младинските права беа во фокусот на дискусијата меѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и претставниците на Волонтерскиот Центар, кои беа на работна посета во општината. На средбата тие го запознаа градоначалникот со работата на ова здружение кое има седиште во Кисела Вода, но активно функционира и во цела држава и на меѓународно ниво.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес беше домаќин на хрватската амбасадорка Нивес Тигањ. На средбата во Општина Кисела Вода, Ѓорѓиевски ги презентираше плановите и проектите кои се дел од неговата програма и кои веќе започна да ги реализира.
Повеќе: Ѓорѓиевски на средба со амбасадорката на Република Хрватска
По добиено известување од ЕВН Македонија АД, ве информираме дека утре, 10.12.2021 год.(петок), без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од ул. Ѓорѓи Димитров, ул. 14 Декември бр.1 и 3, ул. Франк Харткорт Манинг и ООУ „Круме Кепески“. Прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе биде во периодот од 11:00 до 12:30 часот.
Поради големиот интерес за вчераотпочнатата кампања “Моја земја, мој дом”, а со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и да им се олесни процесот на откуп за земјиштето, Општина Кисела Вода преку ова соопштение, нуди одговор на најчесто поставуваното прашање за тоа кое земјиште е опфатено со оваа акција.
Повеќе: Соопштение во врска со кампањата Моја земја, мој дом