Насловна
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со Роберт Скот Хејзлет, виш директор на НДИ во Македонија.
Денес во домот на култура “Билјана Беличанец” Општина Кисела Вода одржа информативна сесија на која пред пред стручната јавност и културните работници го претстави предлог-документот „Стратегија за развој на културата 2023+“, како и новиот конкурс за култура.
Повеќе: Конкурс и стратегија за развој на културата во Кисела Вода
Делегација предводена од заменик градоначалникот на градот Теслиќ во Република Српска, Борислав Тесиќ, денес беше во посета на општина Кисела Вода.
Повеќе: Делегација од Теслиќ во посета на Општина Кисела Вода
Јавната детска градинка “Симба” започнува со работа! Општина Кисела Вода го отвора објектот за дечињата, пред се од Усје, Градинар и Стакларница, кои за првпат од постоењето на општината добија градинка во своја непосредна близина.
Повеќе: Почнува со работа првата градинка во Усје-родителите да аплицираат!
Реконструктивни зафати на патната мрежа од утринава се одвиваат во населбата 11 Октомври Згради. Нов асфалт ќе добијат улици на кои 60 години не е извршена никаква интервенција, а интензивно се користат, бидејќи се во централното јадро на општината, кое е и најгусто населено.
Повеќе: Реконструктивни зафати на улици во населбата 11 Октомври Згради