Новости
Во пресрет на големиот христијански празник, Велигден, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски посети повеќе социјално загрозени семејства од општина Кисела Вода на кои им донираше пакети со прехранбени производи.
Повеќе: Градоначалникот Ѓорѓиевски подели хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства
До крајот на месец мај, жителите на улиците “Корџевска” и “Домазетовска” и “Мишевска” во селото Драчево ќе добијат квалитетна вода за пиење, со што ќе се надмине проблемот со кој се бореа децении наназад.
Повеќе: Нова водоводна мрежа и асфалтирање на улиците “Корџевска”, “Мишевска” и “Домазетовска”
Дечињата од градинката “Синоличка” при ЈДГ “Весели Цветови”, денес со велигденски песни влегоа во Општина Кисела Вода. На градоначалникот Ѓорѓиевски и на другите вработени им подарија велигденски јајца кои ги работеле заедно со своите воспитувачки и со родителите.
Повеќе: Децата од градинките со велигденско јајце ја посетија Општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода издвои средства од својот Буџет кои нудат шанса за отпочнување на процес за темелна реконструкција на салата “Расадник”. Едногласно, на денешната Седница на Советот на Општина Кисела Вода, беше поддржана иницијативата на градоначалникот Ѓорѓиевски за создавање на финасиска конструкција која ќе овозможи реконструкција на ова, некогаш култно место за спортските вљубеници и нејзино преземање од управувањето од страна на централните власти.
Повеќе: Ѓорѓиевски: Со ребалaнсот создаваме можност за реконструкција на салата “Расадник”
Учениците од ООУ “Невена Георгиева Дуња”, од денес наставата по информатика ќе ја следат во помодерни и посовремени услови. Градоначалникот Ѓорѓиевски го посети ова училиште, каде во функција е ставен новиот кабинет по информатика.
Повеќе: Ѓорѓиевски: Нов кабинет по информатика за ООУ “Невена Георгиева Дуња”