Новости
Пинтија доби современ спортски центар. Во изминатиов период, Општина Кисела Вода изведе градежни активности за целосна реконструкција на уништеното игралиште на улицата “Јабланица” коe од денес, освен што има нов лик, е и целосно функционално.
Започнува изградбата на нова водоводна линија, на улицата “Илија Ристевски” со краците, во месноста Порупи село Драчево. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го промовираше овој проект, кој е шести од предвидените седум капитални проекти по повод роденденот на Кисела Вода.
Жителите на Усје, за првпат добиваат градинка. Грaдоначалникот Ѓорѓиевски денес го промовираше овој проект, кој е петтиот, од седумте капитални проекти по повод роденденот на Кисела Вода.
Општина Кисела Вода го завршува проектот за санирање на сите улици во Пржино.
Денес градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го промовираше третиот од седумте капитални инфраструктурни проекти во рамките на роденденската седмица на Општина Кисела Вода.