Новости
Поради уличен дефект на цевка, утре, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците на дел од улицата „Огњан Прица“.
Нови педесетина семејствa од општина Кисела Вода ја искористија можноста да се стекнат со правна и легална сопственост на своите домови. Во големата сала на општината, денес, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ им ги додели решенијата за легализација на бесправно изградените објекти, нагласувајќи дека спроведените мерки на локалната самоуправа за забрзување на темпото на решавање на предметите ги даваат очекуваните ефекти.
Повеќе: Легализирани нови 50 дивоградби во општина Кисела Вода
Во среда (26.02.2014), градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, во големата сала на општината, со почеток во 10:00 часот ќе додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека утре 8 до 15 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улицата „Малешевска“ во населбата Драчево.
Превентивно-едукативниот проект за спречување на насилството кој стартуваше од Општина Кисела Вода кон крајот на ноември, влегува во втората фаза. Во насока на спречување на криминалот, девијантното однесување и насилството помеѓу младите и развивање на толеранцијата и меѓусебното разбирање, започнуваат едукативни предавања и трибини и во општина Кисела Вода и во општина Сопиште.