Новости
13000 жители на општина Кисела Вода ќе го решат деценискиот проблем со непостоење на фекална канализација, како дел од реализацијата на проектот “Изградба на фекална канализација во населено место Сопиште и локалитетот “Сончев град“ и одведување кон постоечките канализациони мрежи во Општина Кисела Вода и Општина Аеродрoм“ . Ова на прес конференција го објавија градоначалникот на општина Кисела Вода , Билјана Беличанец-Алексиќ заедно со Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општина Сопиште Стефче Трпковски, како и директорот на ЈП „Водовод“, Бојан Василевски.
Општина Кисела Вода го одбележа Светскиот ден на мајчиниот јазик. Во големата сала на општината беше организирана пригодна свеченост на која беа доделени наградите на учениците кои учествуваа на литературниот и ликовниот конкурс на тема “Мојот мајчин јазик е моето постоење, мојата иднина.
Денес, со почеток во 12 часот, во големата сала на Општина Кисела Вода, ќе се одбележи Светскиот ден на мајчиниот јазик.
Дел од корисниците од улиците „Марко Орешковиќ“ и „Димо Хаџи Димов“ во општина Кисела Вода утре од 9 до 11 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Како причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, го истакнуваат изведувањето инвестициски зафати во дистрибутивната електро-енергетска мрежа од страна на ЕВН Македонија.
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанкиески и Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ , денеска во село Драчево го означија почетокот на комплетна реконструкција на улицата “Иван Хаџиниколов 2” ( поранешна “Ратко Митровиќ 2”) и на уште два крака, во вкупна должина од 870 метри.