Новости
Пред околу 3.000 посетители, на спектакуларен начин вчера заврши манифестацијата “Бранувано културно Три круши 2013-то лето”. Имиџот и реномето на најпосетувана културна манифестација во Градот Скопје, културното лето во Кисела Вода и оваа година го потврди.
На четири локации во општината, годинава преку 35.000 посетители ги проследија вкупно 15-те културни настани, на кои продефилираа неколку стотини естрадни уметници, театри, ансамбли и културно – уметнички друштва, актери и хумористи.
Повеќе: Спектакуларна завршница на културното лето “Три круши”
Богата музичка програма и бројни изненадувања ќе понуди свеченото затворање на овогодинешното културно лето “Три круши”. Годинава се одржаа вкупно 15 манифестации на кои продефилираа неколку стотини естрадни уметници, театри, ансамбли и културно – уметнички друштва, актери и хумористи.
Свеченото затворање ќе се одржи в сабота (03.08.2013 год.), на верско-рекреативниот центар “Три круши”, каде со почеток во 20:30 часот, со шаренолика музичка програма ќе се навратиме на корените и традицијата. Најпрвин, пред драчевската публика ќе се претстави младата и надежна музичка ѕвезда Даниел Тошевски, по што ќе следи настапот на културно-уметничките друштва “Китка”, “Никола Јонков Вапцаров” и “Јордан Мијалков”. Крајот на годинашното културно лето ќе биде означен со настапот на најголемите музички ѕвезди на македонската фолк сцена, Војо Стојановски и Сузана Спасовска. Влезот за граѓаните е отворен.
Општина Кисела Вода започна акција за реконструкција на тротоарите по сервисните улици на нејзината територија. Деновиве, по налог на општина Кисела Вода, екипи на фирмата “Пелагонија А.Д. Гостивар” која го доби тендерот за изградба и реконструкција на патеки, тротоари, скверови, паркинзи и улици од павер елементи, започнаа градежни работи за реконструкција на тротоарот на улицата “Димитрија Чуповски” во нас. Драчево. Се реконструираат тротоарите од левата страна на улицата во близина на зелениот пазар, на вкупна површина од 400 квадратни метри, за што општината издвои околу 730.000 денари.
Повеќе: Се реконструираат тротоари и се чистат дивите депонии во Кисела Вода
Концертна музичка програма понуди културното лето “Три круши”, изминатиов викенд. Покрај феноменалниот настап на Миле Кузмановски во петокот, успешен целовечерен концерт на верско-рекреативниот центар “Три круши” во саботата, одржаа музичките ѕвезди Силви и Влатко Плевнеш, кои 25 години блескаат на музичкото небо под името Силви Бенд.
Паркот на бранителите со меморијална фонтана изграден во чест на загинатите од конфликтот во 2001 година кој се наоѓа во Драчево, од вчера е отворен за граѓаните.
Со достоинствено чествување во организација на Општина Кисела Вода, вчеравечер се оддаде почит на шесте бранители од општината, кои загинаа во конфликтот од 2001 година. Паркот го пуштија во употреба градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, Јохан Тарчуловски и поранешниот градоначалник на општината, Марјан Ѓорчев во чиј мандат започна изградбата.
Повеќе: Се пушти во употреба Паркот на бранителите во Драчево