Новости
На сцената на амфитеатарот на верско-рекреативниот центар “Три круши” пред околу 1000 посетители, во рамките на овогодинешното културно лето, Миле Кузмановски со својот двочасовен концерт, покажа и докажа зошто е еден од нашите најдобри интерпретатори на македонската народна музика.
Миленикот на драчевската публика не го штедеше гласот, ниту пак емоциите, особено при интерпретацијата на една од неговите вонвременски песни „Не кани ме“. Се нижеа и „Крал без круна“, „Што побарав од тебе, Господе“, „Падни стани“ и ред други хитови по мерак на публиката, која со своето присуство покажа дека никогаш не е и доста од убава македонска песна и глас каков што е оној на Миле Кузмановски.
Во сабота (27.07.2013) во големата сала на Општина Кисела Вода, со почеток во 10:00 часот, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец - Алексиќ ќе додели ваучери за еднократна парична помош на семејства со новороденчиња на подрачјето на Општина Кисела Вода.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Убава македонска музика ќе понуди брануваното културно лето “Три круши” престојниот викенд. Вечерва (26.07.) на амфитеатарот на верско-рекреативниот центар “Три круши” со почеток во 21:00 часот, целовечерен концерт ќе одржи миленикот на драчевската публика, Миле Кузмановски. Утревечер пак (27.07.), во истото време, посетителите на “Три круши” ќе можат да уживаат во настапот на “Силви бенд”.
Во рамките на свеченото отворање на Паркот на бранителите во нас. Драчево, кое ќе се одржи на 28-ми Јули со почеток во 20:30 часот, настап ќе имаат Митан Проект и Андријана Јаневска.
Влезот за граѓаните е слободен.
Свеченото отворање на Меморијалната фонтана, која Општина Кисела Вода ја изгради во чест на загинатите бранители во конфликтот од 2001 година, ќе се случи на 28-ми јули 2013 година, со почеток во 20:30 часот.
Изградбата на Паркот на бранителите започна на почетокот на 2013 година, а со комплетирањето на импозантната меморијална фонтана и околното хортикултурно и партерно уредување деновиве, паркот во населбата Драчево доби сосема ново руво.
Повеќе: Паркот на бранителите во Драчево свечено ќе се отвори во недела
ЈЗУ “Здравствен дом на Скопје” – Скопје ги информира граѓаните дека по најавата за топлотни бранови по укажување од Министерството за здравство на Република Македонија ќе се организираат акции со отворање на пунктови за спроведување на бесплатни превентивни прегледи за заштита од топлотен бран. Акциите ќе се спроведат во Општина Кисела Вода (Драчево) од 18-21 часот по следниот распоред:
- 24.07.2013
- 29.07.2013
- 04.08.2013
- 10.08.2013
- 15.08.2013
- 20.08.2013
- 25.08.2013