Новости
Се решава проблем кој веќе триесет години ги мачи жителите на населбата Драчево. Улицата Славка Динкова која е една од главните сообраќајни артерии, како сообраќајница која ги поврзува повеќето улици со главната, Јустинијан Први ќе биде темелно реконструирана, а со поставувањето на нова атмосферска канализација, ќе се надмине и проблемот највидлив при обилните дождови.
Повеќе: Темелна реконструкција на ул. Славка Динкова во Драчево-се решава проблемот стар 30 години
Дидактички материјал и опрема за децата со посебни потреби беше обезбедена за ООУ “Невена Георгиева Дуња”. Донацијата е наменета за сензорната соба во училиштето и се состои од персонален компјутер со монитор заедно со детска тастатура со зголемени тастери и вертикално глувче, скенер, принтер, ламинатор, сензорна табла, други наменски материјали и асистивна технологија.
Повеќе: Обезбедени донации за децата со посебни потреби од ООУ "Невена Георгиева Дуња"
Веднаш по добиената информација за избувнатиот пожар во напуштениот објект во населбата Пржино, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски со општинските служби излезе на терен со цел да помогне во справување со огнот. Им се заблагодари на екипите на Противпожарната бригада и МВР кои и покрај отежнатите временски услови успеаја да го локализираат пожарот. Воедно, поради информациите кои кружат за влијание на човечки фактор во овој немил настан, апелираше за брза и сериозна истрага.
Повеќе: Градоначалникот Ѓорѓиевски заедно со пожарникарите на опожарениот објект во Пржино
Маски и весело расположение го одбележаа денешниот Први април.
Повеќе: Децата од општина Кисела Вода со маски по повод Денот на шегата
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера беше домаќин на претседателот на турската фондација во Македонија, “Маариф”, Мехмед Баран, директорот на кампусот во Скопје, Зекерија Арслантурк и нивниот асистент, Нуман Идриз.
Повеќе: Договорена соработка помеѓу Општина Кисела Вода и турската фондација "Маариф"