Новости
Меморандум за соработка потпиша Општина Кисела Вода со Здружението на граѓани Горанско друштво. Воспоставување на проектна соработка за подобрување на квалитетот на живот, демократските вредности и развој на општината се главните постулати врз кои се темели потпишаниот документ.
Повеќе: Општина Кисела Вода договори соработка со Горанското друштво
По вчерашното опожарување на барака на улицата ул.”Методија Патчев” во Драчево, која речиси сосема изоре, денес, сезонските работници ангажирани од Општина Кисела Вода вршат целосно расчистување на опожарената покуќнина и другите остатоци.
Општина Кисела Вода вчера започна со акција за изрекување опомени на сопствениците на хаварисани возила на оваа територија. Во текот на овие две седмици, преку соработка со ПСОН –Кисела Вода и РСБСП- Скопје, имателите на хаварисани возила, со летоци оставени на возилата, ќе бидат потсетени дека е нивна законска обврска да ги отстранат.
Повеќе: Опомени за сопствениците на хаварисани возила од Кисела Вода-рокот за отстранување е 15 дена
Општина Кисела Вода ги информира своите жители дека од 21.03.2022(понеделник) до 27 март (недела), ќе се одвива акција за подигнување на кабаст отпад. Преку сорaботка со ЈП “Комунална Хигиена” која ќе постави специјални садови за кабаст отпад на неколку локации, граѓаните ќе можат да го остават, по што тој бесплатно ќе биде подигнат и транспортиран на соодветна локација од страна на ова градско претпријатие.
Повеќе: Следната недела акција за бесплатно собирање на кабаст отпад
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и генералниот директор на АД “Цементарница Усје”, Борис Хрисафов, денес го формализираа договорот за искористување на простор од објектот на оваа компанија за отворање на нов противпожарен дом во Кисела Вода.
Повеќе: Ѓорѓиевски: Отвораме нов Противпожарен дом во дел од објектот АД “Цементарница Усје”