Новости
Градоначалникот Ѓорѓиевски денес оствари средба со унгарскиот амбасадор Н.Е. Ласло Дукс. На овој работен состанок се дискутираше за можноста за реализација на бројни проекти, пред се во насока на подобрување на економското функционирање на општина Кисела Вода. На амбасадорот и неговото економско аташе, му беа презентирани покрупните планови од Програмата на градоначалникот кон кои може да се насочи интересот за заедничка соработка, а кои ќе ја направат општината поатрактивна за потенцијалните инвеститори.
Повеќе: Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со унгарскиот амбасадор Ласло Дукс
Почитувани,
Изминаа првите сто дена од процесот на креирање на новиот лик на Кисела Вода. Промените кои граѓаните од нас ги побараа преку своите дадени гласови, ги започнавме во сите сфери од делувањето на оваа локална самоуправа.
Во кусата временска рамка што ни стоеше на располагање, сработевме преку 50 проекти кои на директен начин ја подобрија функционалоста, транспарентноста, имиџот на оваа општина.
Финализирана е реконструкцијата на улицата “Сердарот” на која Општина Кисела Вода работеше во изминатиот период. На потегот од пругата до месната заедница во Потстаница, се постави нов долен строј, тампон, а потоа се изврши асфалтирање.
Повеќе: Завршена е реконструкцијата на улицата "Сердарот" во Драчево
Општина Кисела Вода денес започна со изградба на паркинг простор за преку 60 возила во населбата Расадник.
Повеќе: Општина Кисела Вода гради паркинг на местото од дивата депонија кај “Мечкаров”
Општина Кисела Вода одново ја објави тендерската постапка за избор на ревизорска куќа која треба да даде одговор околу наводите за неправилностите во делот на урбанистичкото работење на претходното раководство на Општина Кисела Вода.
Повеќе: Втор обид за обезбедување на надворешна ревизија во Општина Кисела Вода