Новости
Со заеднички натпревар со учениците од ООУ “Партенија Зографски”, денес градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и ракометарот Борко Ристовски, ја пуштија во употреба реновираната училишна спортска сала.
Се расчистува снегот во општина Кисела Вода. Уште од рано изутрина започна чистењето на сите улици, при што најголема потреба од интервенции има во селото и населбата Драчево и во Потстаница, заради специфичната конфигурацијата на теренот.
Повеќе: Акција за расчистување на снегот низ општина Кисела Вода
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри. На средбата, на амбасадорот му беа презентирани стратешките планови и приоритетни проекти, со посебен акцент врз потенцијалите со кои располага Општина Кисела Вода.
Повеќе: Градоначалникот Ѓорѓиевски оствари средба со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри
Раководствата на Општина Кисела Вода и на Град Скопје денес одржаа координативен состанок заедно со претставници на јавните претпријатија и секторите при Градот од една страна и претставници на урбаните и месните заедници од општина Кисела Вода, од друга страна.
Повеќе: Координативен состанок на Арсовска и Ѓорѓиевски за проблемите под надлежност на Град Скопје
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, денес оствари средба со директорот на ЈП Паркови и зеленило, Ангеле Сотировски. На средбата во Општина Кисела Вода, на која присуствуваа и претставници од неколку сектори во ова претпријатие, како и советникот од Советот на Кисела Вода, Иван Митровски, беа дефинирани насоки за активно делување на двете институции кои треба да го подигнат квалитетот на живот во општината.
Се разговараше за одржувањето на јавното градско зеленило, за подигнување на нови јавни зелени површини, како и на парковите низ Кисела Вода. Градоначалникот Ѓорѓиевски ги информираше за изградбата на новите паркови во Припор и во Дупки, чија изградба е во полн ек. Ги извести и за неодамнешното пошумување на Усје со 2500 аризонски чемпреси, по што се говореше за одржувањето, како дејност која е во ингеренција на ова јавн претпријатие. Средбата финишираше со заеднички договор за следните чекори кои Општина Кисела Вода и ЈП Паркови и зеленило ќе ги преземат во насока на подобрување на хуманото живеење во овој дел од градот.