Новости
Продолжува чистењето на општина Кисела Вода. Сезонските работници ангажирани преку Секторот за месна самоуправа заедно со службите на ЈП Комунална Хигиена, од утрово интензивно работат на расчистувањето на потегот од крстосницата помеѓу булеварите “Борис Трајковски” и “Србија”, се до населбата Пинтија.
Со денешната посета, учениците од СЕПУГС “Васил Антевски Дрен”, започнаа со пракса во Општина Кисела Вода. До крајот на второто полугодие, еднаш во неделата, тие на практичен начин ќе можат да го видат и работат она што го учат во училишните клупи.
Повеќе: Идните правници и економисти на пракса во Општина Кисела Вода
Согласно добиеното известување од ЈП “Водовод и канализација”, Општина Кисела Вода информира дека утре, 09.02.2022, (среда), поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа од ф 100/80мм на ул."Иван Хаџи Николов" бб (пред мостот на Mала Рада), прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од ул. "Сердарот", ул."Иван Хаџи Николов" и дел од ул."Речиште". Прекинот ќе трае од 09:00 часот до завршување на зафатот.
По добиено известување од страна на ЕВН Македонија АД, информираме дека утре, вторник, 08.02.2022 година без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улица "1520" во населбата Пинтија. Прекинот ќе трае од 09.00 до 13.00 часот.
Делегација од општина Кисела Вода предводена од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, денес положи свежо цвеќе и се поклони пред гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас" во Скопје, по повод 150 години од неговото раѓање.