Новости
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, дел од корисниците од улицата „Иван Хаџи Николов“ број 113 и број 111 во населбата Драчево утре, вторник, 23.11.2021год., ќе бидат без струја.
Мерна станица за квалитет на амбиентен воздух е поставена во паркот Македонија, веднаш до Домот на Култура. Преку заедничка соработка на Општина Кисела Вода и Градот Скопје, жителите на овој дел од градот, за прв пат добија инструмент со кој се мери состојбата на воздухот.
Повеќе: Ќе се мери квалитетот на воздухот во општина Кисела Вода
Три тони отпад беа собрани во акцијата за чистење на дива депонија во Кисела Вода. Се чистеше два дена на потегот околу улицата “Народни Херои”. Со камиони се собираше отпадот кој тука го депонираат несовесни граѓани и се носеше во депонијата Дрисла.
Повеќе: Исчистени уште две мини депонии во општина Кисела Вода
Локалниот еколошки акционен план претставува највисок локален стратешки документ за Општина Кисела Вода за заштита, планирање и управување со животната средина, со важност од шест години. ЛЕАП-от како стратешки документ од суштинско значење, ги детектира актуелните состојби во областа на животната средина и усвојува соодветни краткорочни и долгорочни мерки за разрешување на идентификуваните проблеми за граѓаните на Општина Кисела Вода.
Општина Кисела Вода денес започна со решавање на еден голем децениски проблем на жителите на селото Драчево. На улицата “Речиште”, до крајот на годината ќе биде изградена фекална канализација со 200 нови приклучоци, а бенефитот ќе го почувствуваат уште околу 600 други жители, кои имаат низа проблеми од хигиенски и санитарен аспект поради преоптоварување на постојната мрежа.
Повеќе: По 30 години, жителите на улица “Речиште” добиваат фекална канализација