Новости
Веднаш по информацијата за пожар во стан во населбата Бирарија, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски пристигна пред зградата каде што се случила несреќата.
Повеќе: Ѓорѓиевски: За опожарените-парична помош и привремено сместување ако е потребно
Кои, според вас се десетте приоритетни проблеми за решaвање од областа на животната средина? Кои се двете главни причини кои негативно влијаат на животната средина во Општина Кисела Вода? Ова се дел од прашањата од анкетниот прашалник на кои жителите на Општина Кисела Вода можат да одговорат со цел учествуваат при изготвувањето на Локалниот еколошки акционен план за животна средина (ЛЕАП).
Од утрово се чистеа трите големи диви депонии во Теферич. Градоначалникот Ѓорѓиевски изврши увид во работата на сезонските работници ангажирани од Општина Кисела Вода и службите на ЈП Комунална Хигиена-Скопје, кои заедно работеа на отстранување на огромната количина на депониран смет. Се чистеше и рачно и со механизација.
Како што соопшти ЦУК по известување добиено од ЕВН Македонија АД, информираме дека утре, 24.11.2021 година (среда), без електрична енергија ќе остане дел од општина Кисела Вода.
Повеќе: Дел од општина Кисела Вода утре без електрична енергија
Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денес во својот кабинет оствари средба со претставниците од КУД “Китка” од Драчево.
Овој ансамбл кој опстојува со децении е едно од заштитните обележја на општина Кисела Вода. Оттука, и неговото значење за нас е големо, потенцираше при средбата градоначалникот Ѓорѓиевски. Додаде дека преку поддршката на фолклорните друштва, преку овозможувањето на подобри услови за нивното опстојување и функционирање, локалната самоуправа дава свој удел во афирмацијата на македонскиот фолклор и традиција.
Повеќе: Ѓорѓиевски: КУД “Китка” секогаш може да смета на поддршката од Општина Кисела Вода