Новости
Во завршна фаза се градежните активности за изградба на паркинг на улицата “Бранко Заревски” во населбата Драчево.
Голема акција за чистење се спроведува денес во општина Кисела Вода. На терен се сезонските работници од Општината заедно со службите на ЈП “Комунална Хигиена”. Долж булеварот “Борис Трајковски”, од крстосницата со улицата “Народни Херои” до Пинтија, се чисти со механизација и рачно.
Ве известуваме дека денес, без електрична енергија ќе бидат корисниците во дел од општина Кисела Вода.
Општина Кисела Вода го пошумува ридот над Усје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес беше дел од акцијата за засадување на околу 1200 аризонски чемпреси кои ќе го раззеленат овој дел од Кисела Вода.
Повеќе: Ѓорѓиевски: Усје го зазеленуваме со 1200 аризонски чемпреси
Увид во градежните активности на улицата “Пушкинова” изврши градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Лично, на терен сакаше да се увери како тече реконструкцијата на оваа фреквентна улица која веќе се асфалтира заедно со сите нејзини краци.
Повеќе: Ѓорѓиевски на увид: Внимаваме на квалитетот на изведбата, проектите треба да бидат трајни