Насловна
Пораст од 26,4 % во транспарентноста во однос на претходната година е регистриран кај Општина Кисела Вода. Истражувањето направено од Центарот за граѓански комуникации кое го одредува индексот на активна транспарентност на институциите, оваа година, ја рангира Кисела Вода во највисоката категорија. За првпат, е позиционирана како многу добра со 85.5% од степенот на исполнетост на обврските.
Повеќе: Општина Кисела Водa во првите три скопски најтранспарентни општини
Се санира улицата “Иван Хаџи Николов”.
Повеќе: Кисела Вода ја санира улицата “Иван Хаџи Николов” во Драчево
Стартува проектот “Ранче за секое прваче”. Во екот на огромните поскапувања кои посебно се изразени кај училишниот материјал и се движат околу 50 проценти во однос на претходните години, Општина Кисела Вода обезбеди училишни чанти за сите првачиња.
Повеќе: Кисела Вода обезбеди чанта и прибор за сите првачиња
Општина Кисела Вода ќе ги субвенционира сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства. Објавен е јавниот повик со критериумите, на кој од денес, во наредните 15 работни денови можат да аплицираат ранливите категории-социјално загрозени семејства, самохрани родители и деца без родители.
Еден од најнаградуваните македонски филмови, кој се прикажуваше на десетици светски филмски фестивали, вечерва пред публиката во Кисела Вода. Од 21 часот, “Исцелител”, на режисерот Ѓорче Ставрески ќе се емитува на “Кино на отворено“, пред Домот на Култура “Билјана Беличанец”.
Како и за сите досегашни проекции, влезот е бесплатен, а половина час порано, за најмладите се прикажуваат анимирани филмови од архивата на Македокс.
Летниот филмски фестивал на отворено во организација на Општина Кисела Вода кој со поддршка од МакеДокс се одржува од вторникот, завршува утре.