Насловна
Општина Кисела Вода се справува со последиците од големото невреме кое го зафати ова подрачје. Од вчера, кога започнаа врнежите, на терен се излезени тимови од општината предводени од градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, кои заедно со екипите на ЈП “Водовод и канализација”, ЈП “Улици и патишта”, ЈП “Комунална Хигиена”, Противпожарната служба, “ЕВН-Македонија”, другите јавни претпријатија во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за транспорт и врски, работат на санирање на штетите кои зад себе ги оставија силниот ветер и обилните дождови. Се отстрануваат паднатите дрвја, се санираат оштетените кабли, се одзатнуваат шахти...
Повеќе: Општина Кисела Вода се справува со штетите од големото невреме
Општина Кисела Вода ги известува потрошувачите дека денеска од 8.30 до 12 часот струја ќе немаат дел од фирмите во поранешна Стакларница. Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, прекините во снабдувањето со електрична енергија се поради технички зафати во електро-системот .
„Не оставајте вредни предмети во Вашиот автомобил" е насловен проектот кој е дел од кампањата за превенција од имотни деликти и има за цел превентивно делување и намалување на бројот на кражби од приватните возила, а на терен, денеска ја спроведуваа екипите на Одделението за превенција при СВР Скопје , Полициската станица од општа надлежност Кисела Вода и претставници на општина Кисела Вода.
Современ фитнес центар на отворено, од денеска им стои на располагање на сите рекреативци од општина Кисела Вода.
По известување добиено до Регионалниот центар за упраување со кризи, според информациите добиени од ЈП “Водовод и канализација”, ве известуваме дека денес, среда, 30.07, поради изведување на водоводен приклучок од ф-100 мм на бул. “Борис Трајковски”, без водоснабдување ќе останат корисниците на булеварот “Борис Трајковски” крак 2,4,6,8 и 10, фабриката Цементара, општината Кисела Вода. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 09.00 часот, до завршување на приклучокот.