Насловна
По известување добиено до Регионалниот центар за упраување со кризи, според информациите добиени од ЈП “Водовод и канализација”, ве известуваме дека денес, среда, 30.07, поради изведување на водоводен приклучок од ф-100 мм на бул. “Борис Трајковски”, без водоснабдување ќе останат корисниците на булеварот “Борис Трајковски” крак 2,4,6,8 и 10, фабриката Цементара, општината Кисела Вода. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 09.00 часот, до завршување на приклучокот.
Општина Кисела Вода им го честита Рамазан-бајрам на сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија со желби за добро здравје, благосостојба, меѓусебно разбирање, почит и љубов.
Со два концерта, првиот на Миле Кузмановски, и вториот на КУД “Китка” со нивните гости – пензионерите фолклористи од општинскиот Црвен крст на Кисела Вода, синоќа свечено беше затворено културното лето “Три круши 2014”, кое во изминатиот месец се одвиваше на истоимената локација во селото Драчево.
Повеќе: Два одлични, масовно посетени концерти за затворање на "Три круши 2014"
Вечерва, со два концерта, се затвора културното лето на општина Кисела Вода “Три круши 2014”, кое во изминатиот месец се одвиваше на истоимената локација. Во 20 часот и 30 минути концерт ќе одржи Миле Кузмановски со неговите тамбураши, а веднаш по него настапуваат КУД "Китка" од Драчево и нивните гости, пензионерите-фолклористи, членови на општинскиот Црвен Крст Кисела Вода-Скопје.
Општина Кисела Вода ве информира дека поради временските услови, концертот на Миле Кузмановски кој е дел од културното лето “Три круши” и беше закажан за вечерва, се одложува. Истиот, доколку временските услови тоа го дозволат, ќе биде одржан утре, со почеток во 20 часот и 30 минути, по што ќе продолжи и концертот на КУД "Китка" , со што и ќе се затвори годинешното издание на оваа манифестација.