Насловна
Поради интервенции во електропреносната мрежа што ќе ги вршат екипи на ЕВН Македонија АД, денес ќе има исклучување на струјата во дел од општина Кисела Вода.
Од 10:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Теодосиј Синаитски“ и од улицата „Саса“ во населбата Пинтија.
Општина Кисела Вода по трет пат, со ученици од основните училишта од општината, учествува на манифестацијата “Денови на електротехниката” во СЕТУ на ГС “Михајло Пупин”. Оваа година од општината учествуваат седум основни училишта, со вкупно 24 ученика од осмо одделение и седум наставници-ментори по предметот физика. Учесниците се натпреваруваат по предметот физика за осмо одделенеие, во делот за Електротехника.
Повеќе: Физичари од општина Кисела Вода на "Денови на електротехниката"
Стартуваше изградбата на третиот крак од атмосферската канализација на улица “Жарко Зрењанин” во населба Драчево, како дел од предвидената атмосферската канализација која треба да се протега долж целата улица.
Повеќе: Се гради третиот крак од атмосферската канализација на "Жарко Зрењанин"
На вонредна седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска, на предлог на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, беше донесена одлука за издвојување на финансиски средства како помош за санирање на последиците од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина.
Голем шлепер полн со хуманитарна помош вечерва тргна од општина Кисела Вода кон собирниот пункт на Црвениот крст во Момин Поток од каде ќе се упати кон поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина, кон загрозените семејства од кои претрпеа огромни штети од поплавите.
Повеќе: Жителите на Кисела Вода донираа цел шлепер помош за Србија и БиХ