Насловна
На сите православни верници, општина Кисела Вода им ги честита Велигденските празници со желби за здравје, радост, среќа и бериќет во секое семејство. Нека овој голем ден донесе духовен мир, светлина и љубов секому!
Нека ни е честит и вековит празникот!
Христос воскресе. Навистина воскресе.
Одбојкарките на ОУ ,,Невена Георгиева Дуња“ ја одбранија шампионската титула. Во исполнетата спортска сала ,,Независна Македонија“ , гледачите уживаа во возбудливото и квалитетно одбојкарско финале на плеј-офот во училишниот спор, чиј покровител е градоначалничката Билјана Беличанец Алексиќ.
До крајот на мај ќе биде пуштено во употреба новото повеќенаменско игралиште во населба Црниче. Дотогаш, екипите на фирмата “Бауер БГ” кои работат со засилена динамика треба да го завршат овој спортски објект во ПОУ “Кузман Јосифовски-Питу”, кој ќе нуди можности за рекреација и услови за развивање на спортскиот дух, посебно кај младите.
Повеќе: Повеќенаменско игралиште во Црниче - достапно за сите вљубеници во спортот
Од регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, известуваат дека утре, 11.04.2014 (петок), без електрична енергија во периодот од 08:00 до 09:00 часот ќе останат корисниците од бул. "Борис Трајковски", поточно бензинската пумпа "Марија Трејд".
Македонскиот Oлимписки Kомитет и општина Кисела Вода со свечена манифестација го одбележаа Меѓународниот ден на спортот.
Повеќе: МОК и општина Кисела Вода го одбележаа Светскиот ден на спортот