Насловна
Од утре започнува санација на индустрискиот колосек на патниот премин Цементарница, на булеварот ”Борис Трајковски”.
Поради тоа, десната сообраќајна лента од булеварот “Борис Трајковски” во правец од Драчево кон Скопје, во делот кај преминот преку пругата кај Цементарница, ќе биде затворена за сообраќај, во времетраење од 09 до 20 април.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.
Легализирани уште 48 дивоградби во општина Кисела Вода. Лицата кои имаа дивоизградени објекти и кои ја доставија потребната документација до општинските служби, денес ги подигнаа решенијата и станаа легални сопственици на објектите кои ги поседуваа.
Повеќе: Со новите 48, легализирани вкупно 2586 дивоградби во општина Кисела Вода
Македонскиот Олимписки Комитет и општината Кисела Вода, ја продолжуваат успешната повеќегодишна соработка. Овојпат, општината Кисела Вода ја прифати иницијативата на МОК да се вклучи во одбележувањето на 06 април – Меѓународниот ден на спортот. Покрај, СГГУ "Здравко Цветковски" и Државниот универзитет во Тетово, во програмата на МОК за одбележувањето на Светскиот ден на спортот, за основни училишта на ниво на државата, ќе биде влучено и ОУ "Невена Георгиева Дуња".
Во неделава што изминува, се одиграа натпреварите од претпоследното 6-то коло од училишниот спорт во мал, фудбал, кошарка и одбојка.
За околу два месеца треба да завршат градежните активности за подобрување на условите во подрачното основно училиште “Кузман Јосифовски-Питу” во Црниче.
Повеќе: За два месеца ПОУ "Кузман Јосифовски-Питу" ќе биде целосно реновирано