Насловна
На сите свои жители , општина Кисела Вода им го честита патрониот празник 6 Мај, Ѓурѓовден, и ги поканува да присуствуваат на денешната свеченост која ќе се одвива на повеќе локации низ општината.
Во 11 часот, на крстосницата улица “Народни Херои”со булеварот “Борис Трајковски” започнува цветно дефиле на дечињата од градинките и основците, кое ќе продолжи со приредба во паркот Шопен во 12 часот. Во попладневните часови, со почеток во 18 часот, во паркот Шопен, ќе се одржи едночасовен концерт на Културно Уметничките Друштва од општина Кисела Вода.
Поради зафати на електропреносната мрежа што ќе ги врши ЕВН Македонија АД,
утре ќе има прекини во снабдувањето со струја на неколку улици во Драчево.
На 5 и 6 Мај, по повод патрониот празник на општина Кисела Вода, ќе биде организирана свеченост во чии рамки се опфатени повеќе активности.
Со два фудбалски трилери, заврши плеј-офот во училишната лига , а со тоа заврши и годинешната училишна спортска сезона во колективните спортови, чиј покровител е градоначалничката Билјана Беличанец-Алексиќ.
Расте бројот на легализирани дивоградби во општина Кисела Вода. Градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, денеска, во Големата сала на општината свечено додели нови 53 решенија, со што, бројот на решени предмети се искачи на 2640.
Повеќе: Досега легализирани 2640 дивоградби во општина Кисела Вода