Насловна
Ве известуваме дека Десеттата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 11.12.2013 година (среда) со почеток во 11,00 часот со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од 9-та пленарна седница;
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи 10-та пленарна седница
Под мотото “Капка крв, спасува живот”, денеска успешно се реализираше крводарителската акција, во организација на општина Кисела Вода и Општинската организација на Црвениот крст - Кисела Вода. 33 хумани луѓе од вкупно 40 пријавени, вклучително и претставници од општинската администрација и месните заедници, на дело го покажаа своето човекољубие и даруваа од оваа драгоцена течност.
Вакви крводарителски акции, општината Кисела Вода во соработка со Општинската организација на Црвениот крст- Кисела Вода организира редовно, на секои три месеци.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, државниот секретар во Министеството за животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова и директорот на ЈП „Паркови и зеленило" Душко Авировиќ, денеска со садењето осумдесетина листопадни садници во дрворедите од двете страни на булеварот Борис Трајковски, ја почнаа акцијата за садење дрвја во дрворедите на улиците и на булеварите низ сите 10 скопски општини.
Повеќе: Почна акцијата за садење дрвја на улиците и булеварите
Со низа активности основното училиште “Св. Климент Охридски” од село Драчево, го прославува својот патронен празник. Спортски активности, ликовни, литературни и музички хепенинзи и информативни презентации за ликот и делото на Патронот беа само дел од денешните активности на учениците од 1-8 одделение и нивните наставници.
Најпрвин се одигра турнир во кошарка, помеѓу учениците од 6-то одделение, а се реализираа и музички изведби на солисти на инструменти и училишниот хор. Ходниците во училиштето беа уредени со паноа со ликовни и литературни творби изготвени од учениците, а се реализираше и презентација за ликот и делото на Св. Климент Охридски.
Повеќе: ОУ “Св. Климент Охридски” го одбележува својот патронен празник
Врз основа на член 57 и член 106 став 3, а во врска со членовите 143 до 148 од Статутот на Општина Кисела Вода (“Службен гласник на град Скопје” бр.08/05 и “Службен весник на Општина Кисела Вода” бр.13/06), член 50 од Законот за Локална Самоуправа (“Службен весник на Р.М” бр.5/2002) и членовите 29 дo 40 од Правилата за работа на урбаните и месните заедници во Општина Кисела Вода (“Службен гласник на Општина Кисела Вода” бр.08/2007), Градоначалникот на Општина Кисела Вода донесе Решение за распишување на избор на членови на Совет на УЗ “11 Октомври-бараки” под бр.19-652/1 од 04.12.2013 год.