Насловна
Врз основа на член 57 и член 106 став 3, а во врска со членовите 143 до 148 од Статутот на Општина Кисела Вода (“Службен гласник на град Скопје” бр.08/05 и “Службен весник на Општина Кисела Вода” бр.13/06), член 50 од Законот за Локална Самоуправа (“Службен весник на Р.М” бр.5/2002) и членовите 29 дo 40 од Правилата за работа на урбаните и месните заедници во Општина Кисела Вода (“Службен гласник на Општина Кисела Вода” бр.08/2007), Градоначалникот на Општина Кисела Вода донесе Решение за распишување на избор на членови на Совет на УЗ “Бирарија” под бр.19-650/1 од 04.12.2013 год.
Врз основа на член 57 и член 106 став 3, а во врска со членовите 143 до 148 од Статутот на Општина Кисела Вода (“Службен гласник на град Скопје” бр.08/05 и “Службен весник на Општина Кисела Вода” бр.13/06), член 50 од Законот за Локална Самоуправа (“Службен весник на Р.М” бр.5/2002) и членовите 29 дo 40 од Правилата за работа на урбаните и месните заедници во Општина Кисела Вода (“Службен гласник на Општина Кисела Вода” бр.08/2007), Градоначалникот на Општина Кисела Вода донесе Решение за распишување на избор на членови на Совет на УЗ “Кисела Вода” под бр.19-635/2 од 04.12.2013 год.
Утре (06.12.2013 година), во организација на Општина Кисела Вода и Општинската Организација на Црвениот Крст – Кисела Вода, а во соработка со Заводот за трансфузиологија од Скопје ќе се реализира голема крводарителска акција под мотото “Капка крв спасува живот”. Крводарителската акција ќе се одржи во големата сала на Општина Кисела Вода, во периодот од 11:00 – 15:00 часот.
Практиката за делење решенија за легализација на бесправно изградени објекти на неделна основа во општина Кисела Вода продолжува. Градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ денеска на 40 граѓани врачи решенија за легализација на дивоградбите, со што вкупниот број на легализирани објекти се искачи на нешто повеќе од 2.200.
Повеќе: Нови 40 дивоградби во Кисела Вода ќе добијат имотни листови
Во среда, (04.12.2013) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.