Насловна
Во петокот (29.11.2013 година) учениците од ОУ ,,Кузман Јосифовски – Питу” од Општина Кисела Вода присуствуваа на церемонијална смена на државното знаме пред собранието на Република Македонија. Преку 200 ученици од неколку одделенија, заедно со предметните и класни раководители и претставници од општината Кисела Вода присуствуваа и целосно ја проследија протоколарната активност за почесна смена на државното знаме, кое го спроведоа припадниците на Батаљонот за почести и опслужување и Воениот оркестар на АРМ.
Денеска (02.12.2013) во големата сала на Општина Кисела Вода се одржa средба на службите на Градот Скопје и на јавните претпријатија на Градот Скопје со урбаните и месните заедници од општината Кисела Вода. На денешната средба присуствуваа градоначалниците на градот Скопје и Општина Кисела Вода, Коце Трајановски и Билјана Беличанец-Алексиќ, директорите на јавните претпријатија на Градот Скопје и надлежните на пунктовите во Општина Кисела Вода, раководителите на секторите на администрацијата на Градот Скопје и Општина Кисела Вода, како и претставници од сите урбани и месни заедници од Општина Кисела Вода.
Повеќе: Градоначалникот Трајановски ја посети Општина Кисела Вода
Денес, (02.12.2013 година) во 12 часот во просториите на Општина Кисела Вода, ќе се одржи средба на јавните претпријатија на градот Скопје и градската администрација со претставници на урбаните и месните заедници на Општина Кисела Вода.
На средбата ќе присуствуваат и градоначалниците на Град Скопје и Кисела Вода, Коце Трајановски и Билјана Беличанец-Алексиќ.
По петти пат, градоначалникот на Општина Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ, денеска свечено додели ваучери на 58 семејства од општината кои имаат принова и притоа доставија комплетна документација за еднократна парича помош. Со ова доделување, вкупниот број на ваучери кои општината ги додели од почетокот на примената на оваа мерка, изнесува 217.
Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ и раководителот на центарот за вработување на Град Скопје, Слободанка Алексовска денеска официјално ја пуштија во употреба подрачната канцеларија на Агенцијата за вработување во населбата Драчево.
Општина Кисела Вода излезе во пресрет на барањата на Агенцијата и во интерес на граѓаните отстапи на користење дел од просториите на урбаната заедница нас. Драчево за отворање на оваа дисперзирана канцеларија.
Повеќе: Се отвори подрачна канцеларија на Агенцијата за вработување во населбата Драчево