Насловна
Во сабота, (30.11.2013) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели 58 ваучери за еднократна парична помош за новороденче.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Во петок, (29.11.2013) со почеток во 12:00 часот, во просториите на урбаната заедница нас. Драчево ќе се отвори подрачна канцеларија на Агенцијата за вработување на Република Македонија. На настанот ќе присуствуваат директорот на АВРМ, Влатко Поповски и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Денес (28.11.2013) во Општина Кисела Вода се промовираше пилот – проектот за спречување на насилството во јавниот превоз и на автобуските постојки, кој е инициран, изработен и ќе се реализира од страна на ПСОН Кисела Вода на подрачјето на општините Кисела Вода и Сопиште, а е поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија и ЈСП – Скопје.
На настанот се обрати градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, која искажа задоволство што реализацијата на ваков важен превентивно-едукативен проект за спречување на насилството во градот, почнува токму од Општина Кисела Вода.
Во четврток, (28.11.2013) со почеток во 11:00 часот во големата сала на Општина Кисела Вода ќе се одржи презентација на проектот “Скопје - град без насилство” со особен фокус на спречување на насилството во јавниот превоз и на автобуските постојки. На настанот ќе присуствуваат министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, градоначалникот на Општина Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ, амбасадорот на мисијата на ОБСЕ Ралф Брет и директорот на ЈСП – Скопје Мишо Николов.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Кризниот штаб на Општина Кисела Вода задолжен за расчистување на снегот од улиците и подобрување на условите во сообраќајот во отежнатите зимски услови, благовремено реагираше по обилните врнежи на снег. Имено, мобилните екипи од општината, заедно со екипите од фирмата Анизор ДООЕЛ од Скопје, која општината на тендер ја избра за одржување на локалните улици и патишта во зимски услови, од раните утрински часови преземаа низа акции за расчистување на снегот во сите месни и урбани заедници. Во текот на акцијата беа исчистени поголем дел од сервисните улици, а особено улиците околу амбулантите, училиштата и градинките на нејзината територија.