Насловна
Градоначалникот Ѓорѓиевски вечерва, пред црквата „Св. Еремија“ во Пинтија, го отвори меѓународниот детски фолклорен фестивал "ЦВЕТОВИ" 2022. Во рамки на истиот, учество ќе земат фолклорни ансамбли од цела територија на Република Македонија, гости од Република Романија и Република Црна Гора.
Повеќе: Градоначалникот Ѓорѓиевски го отвори меѓународниот детски фолклорен фестивал "ЦВЕТОВИ" 2022
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, сопственикот на “Адора Инженеринг”, Ванчо Чифлиганец и ракометарот Борко Ристовски денес ја пресекоа лентата и ја пуштија во употреба целосно реновираната спортска сала од ООУ “Невена Георгиева Дуња”.
Донација од 1500 сирупи за подигнување на имунитетот кај децата обезбеди Општина Кисела Вода преку донација од Алкалоид АД Скопје. Денес, преку Секторот за образование и предучилишно воспитување, им беа доставени на сите градинки кои се во надлежност на оваа локална самоуправа.
Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи десетата пленарна седница на 10 мај 2022 година (вторник) со почеток во 12:00 часот, со следниот дневен ред:
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи десетата пленарна седница
-На денот кој од историски аспект обединува два значајни настани- 9 Мај, како Денот на Европа и како Денот на победата над фашизмот, чест ми е што токму општина Кисела Вода, е домаќин на еден ваков значаен настан, на кој имаме гости од осум европски држави. Заедно со Волонтерски Центар Скопје, преку проект од програмата „Еразмус+“ на Европската комисија преку белгиската Национална Агенција, денес ќе продискутираме за имплементацијата на младинските политики, пред се’, на локално ниво. Искуствата на оваа тема, од своите земји, ќе ни ги пренесат и младите учесници во програмата кои ќе ни бидат гости до 13-ти мај-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на отворањето на денешната дебата на која учествуваа триесетина младински работници од осум земји.
Повеќе: Со дебата на млади од осум европски земји, во Кисела Вода се одбележа 9 Мај