Насловна
Потпишан е Договорот помеѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и изведувачите ДПГТТУ “Филип Инженеринг” и ДЗЗГ “Изолација”, со што следната недела започнува капиталниот проект за реконструкција на сите улици во населбата Пржино. Се работи за Договор во износ од околу 14 милиони денари кои Општина Кисела Вода ги обезбеди од Светска Банка, преку проектот МСИП2 овозможен преку Министерството за финансии.
Повеќе: Општина Кисела Вода започнува со реконструкција на сите улици во Пржино
Општина Кисела Вода ја усвои инцијативата поднесена од граѓани во рамки на проектот “Стоп за урбаната мафија” со која побараа да престане изградбата на згради, на места каде е предвидена изградба на семејни куќи. Ова значи дека од денес, во општина Кисела Вода, со посебен акцент на Пржино и Црниче, каде ова беше најизразено, брoјот на станбени единици во објекти со намена А1-Семејно домување е ограничен на вкупно четири.
Повеќе: Идните градби во Пржино и Црниче намалени до четири станбени единици
Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи деветата пленарна седница на 26 април 2022 година (вторник) со почеток во 12:00 часот, со следниот дневен ред:
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи деветата пленарна седница
Во овие денови кога се празнува Велигден, дозволете ми на сите граѓани од православна вероисповед да ви го честитам најголемиот празник со желби за добро здравје, семејна хармонија, меѓусебна почит и личен просперитет. Христовото воскресение е симбол за победата на животот над смртта, на љубовта над злото, симбол за чудата што ги носи божјиот благослов. Истрајноста, праведноста и чистото срце нека бидат вредностите кои секој од нас го движат напред, во секој нов ден. Нека Бог биде секогаш со вас! За многу години празникот – Христос воскресна!
Градоначалникот Ѓорѓиевски денес оствари работна средба со претставниците на “Лидл” од претставништвата во Бугарија и Македонија.